×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Гимназијалци сликаат мотиви од народното творештво од Куманово

    01.10.2019 09:38 | KumanovoNews

    Учениците од Кумановската гимназија викендов сликаа мотиви од народното творештво од Куманово, во НУ Музеј Куманово, по повод Европските денови на културното наследство.

    Гимназијалци сликаат мотиви од народното творештво од Куманово

    Целта на работилницата е да се направи продажна изложба, а средствата ќе бидат наменети за кабинет за ликовна уметност во Гимназијата „Гоце Делчев“ во Куманово.

    „Идејата беше учесниците во просторот на музејската етнолошка поставка на платна да ги претстават најрепрезентативните мотиви од народното творештво, кои се карактеристични за кумановскиот крај“,- вели раководителот на проектот кустос етнолот Надица Петковиќ, која заедно со професорката по ликовна уметност Валентина Јовановска од СОУ Гимназија „Гоце Делчев“ - Куманово и Игор Андреиќ, дипломиран академски сликар од Куманово.

    На дводневната работилница, учениците сликаа традиционални мотиви, на платна со различни големини со акрилни бои.

    „Убаво е тоа што имаме можност да излеземе надвор и да цртаме на платно. Некои од нас и за првпат цртаат на платно со акрилни бои. На овој начин  имаме можност за дружење и за меѓусебно споделување на идеите“, - беа дел од коментарите на учениците.

    Со проектот „Мотиви од народното творештво од Куманово“, НУ Музеј Куманово, ги заврши Европските денови на културното наследство.

    Проектот е финансиран од Министерството за култура на РС Македонија, а се организира по повод 500 години Куманово и 55 години од постоењето на Музеј Куманово.