Гинеколошко-акушерското одделение и Кожната амбуланта продолжуваат со редовна работа
Одделението за гинекологија и акушерство и Кожната амбуланта во Општата болница Куманово, од денеска продолжува со редовна и континуирана работа.

„Полека, но сигурно се враќаме во нормален животен тек. Сепак е важно се' уште да се следат препораките на Светската здравствена организација (СЗО) и Министерството за здравство, до конечно извојување на битката со КОВИД-19“,- стои во соопштението на Општа болница Куманово.
Поради вондредната состојба со коронавирусот и позитивни случаи помеѓу вработените, гинеколошко- акушерското одделение започна со посебен режим на работа.
Сите пациентки, чија што здравствена состојба дозволуваше, со претходна најава од матичниот лекар, беа упатени на понатамошен третман на скопските клиники.
Сите итни и неодложни живото загрозувачки случаи од гинеколошко акушерска природа беа третирани на одделението.