Го качил во автомобил да го превезе, а тој го ограбил
24.10.2019 12:19
| KumanovoNews
Р.Ф.(51) од Куманово пријавил во СВР Куманово, дека вчера околу 21.25 часот едно лице со закана му одзело пари.

Според пријавеното, во наведеното време на улица „Индустриска“ тој го качил лицето во возилото, кое подоцна со закана му одзел пари. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.