Пожар во отпад за пластика и гуми, црн облак од дим го покри Куманово
23.06.2025 18:22
| KumanovoNews
Гори отпад за стари автомобили, гуми и пластика, кој се наоѓа на ул. Индустриска во Куманово.

Од Противпожарната единица Куманово, за Кумановоњуз кажаа дека отпадот се запалил околу 18 часот, и нивни екипи од цела смена, со три противпожарни возила и десетина пожарникари се на терен.
Местото го обезбедуваат и полициски службеници од СВР Куманово.
Црн густ дим се издига над градот и ги вознемири граѓаните.
Сличен голем пожар во Куманово имаше пред повеќе години кога се запалија старите прагови од железничката пруга на Железничката станица.