×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Сите горива поскапуваат од полноќ

    23.06.2025 15:17 | KumanovoNews

    Бензините од ноќеска на полноќ поскапуваат за 1,5 денари за литар, цената на дизелот се зголемува за еден денар, а на екстралесното масло за два денара за литар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ).

    Сите горива поскапуваат од полноќ

    Со одлуката се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 2,0 отсто во споредба со претходната одлука.

    Новата малопродажна цена на еуросупер БС – 95 ќе изнесува 77,5 денари за литар, еуросупер БС – 98 ќе се продава за 79,5, еуродизел БС (Д-Е V) за 73, а екстралесното масло за горење (ЕЛ-1) за 72 денара за литар, додека малопродажната цена на мазутот М-1 НС останува 41,687 денари за килограм.

    Од РКЕ посочуваат дека референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат зголемување кај бензините во просек за 6,182 отсто, кај дизелот за 2,172, кај екстра лесното масло за 6,442 и кај мазутот за 2,609 отсто. Курсот на денарот во однос на доларот по кој беа формирани цените со претходната пресметка е повисок за 0,1578 отсто.