Го нападнале и му го одзеле паричникот
21.11.2022 20:49
| Сузана Николиќ
Триесет и седумгодишен кумановец пријавил во полицијата дека бил нападнат и ограбен од две лица на улицата „Иво Лола Рибар“ во Куманово.

Според СВР Куманово, на 20.11.2022 година, во 13.30 часот, А.Р. (37) од Куманово пријавил дека две непознати лица физички го нападнале и му го одзеле паричник.
Полицијата презема мерки за расчистување на случајот.