Го нападнале на улица и му одзеле пари
27.04.2021 09:42
| KumanovoNews
Кумановец останал без своите пари откако на улица го нападнале три лица. Инцидентот се случил вчера попладне на бул.„Октомвриска Револуција“.
„Во 18.50 часот во СВР Куманово, Б.И.(31) од Куманово пријавил дека на бул.„Октомвриска Револуција“ три лица со употреба на сила му одзеле пари“, соопштува МВР.
Се работи на расчистување на случајот.