×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Го остваривме најголемиот успех на нашата земја, денеска ние сме НАТО, рече премиерот Спасовски

    30.03.2020 14:56 | KumanovoNews

     На свечена церемонија пред седиштето на НАТО во Брисел беше подигнато македонското знаме откако земјата стана и официјално 30-та земја членка на Алијансата.

    Го остваривме најголемиот успех на нашата земја, денеска ние сме НАТО, рече премиерот Спасовски

    На свечената церемонија во Брисел, на која се исполнија и химните на Северна Македонија и на НАТО, присуствуваа генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, и в.д. шефот на Постојаната мисија на Република Северна Македонија при НАТО, Зоран Тодоров, кои имаа свои обраќања.

    Свечената церемонија на подигањето на македонското знаме пред седиштето на НАТО во Брисел, преку видео врска во Скопје ја следеше Владата на седница со која претседаваше премиерот Оливер Спасовски, и кој на крајот на свечената церемонија имаше кусо обраќање.

    - Денеска го остваривме најголемиот успех на нашата земја од нејзината независност до денес. Знамето на Република Северна Македонија денеска гордо се развиори во кругот на знамињата на семејството сојузници на НАТО. Патот беше долг, но наградата што пристигна денеска, со погледот на знамето на нашата земја во седиштето на НАТО во Брисел – ја заслуживме. Бидете горди, почитувани мои сограѓани. Знамето на Република Северна Македонија е симбол на сигурна, безбедна и просперитетна иднина на нашата земја. Навистина, ние денеска водиме една друга битка, битката со короната, но, за момент ќе си дозволиме да се израдуваме. Да се запише дека денеска е ден за паметење. Ден историја. Овој ден немаше да се оствари и без поддршката на нашите сојузници, Соединетите Американски Држави, земјите членки на НАТО, и нашите соседи. Среќни сме што денеска сме заедно со сите нив поврзани со солидарноста и единството. Заедно сме посилни. Ние сме НАТО, - рече во обраќањето Спасовски.