Го прегазил трактор додека собирал слама
20.07.2017 13:22
| KumanovoNews
Земјоделец бил прегазен од трактор додека работел на нива.

Несреќата се случила вчера околу 16,30 часот во селото Лопате, кога Н.Ф.(49) собирајќи слама во сопствената нива, паднал од тракторска приколка на која бил качен и прегазен од тркалото на приколката. Негови роднини го однеле во Кумановската болница, каде е констатирана смрт.
Увид на лице место извршила увидна екипа на СВР-Куманово.