×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Го враќаме сјајот на најзначајните објекти и спомен обележја во Куманово, кажа Стојановски

    02.12.2020 14:32 | KumanovoNews

    Полека но сигурно Куманово почна да се менува и да го враќа сјајот на своите најважни објекти и спомен обележја кои се синоними кога ќе се спомене градот Куманово, рече на денешната прес-конференција Дејан Стојановски, член на ИО на ОО СДСМ Куманово.  

    Го враќаме сјајот на најзначајните објекти и спомен обележја во Куманово, кажа Стојановски

    „По враќање на Спортската сала во владание на општината и по започнување на реконструкција на Соколана, од неодамна локалната самоуправа започна со реализација на проектот за уредување на комплексот кај Споменик Костурница. Согласно проектот предвидено е изградба на амфитеатар на постоечкото игралиште, изградба на три нови спортски терени, трим патеки за пешачење и трчање, поставување на опрема за вежбање и рекреирање, нова урбана опрема, осветлување, дополнително озеленување со нови садници. Проектот се предвидува да се заврши во мај 2021 година. Новиот лик кој ќе се даде на Споменикот Костурница ќе значи враќање на рекреацијата и семејните прошетки кои им недостигаат на кумановци“, изјави Стојановски.

    Тој потсети дека Министерството за култура заедно со Националниот конзерваторски центар- Скопје го најавија почетокот на превентивни конзерваторски интервенции на црквата Св. Богородица во Матејче за ова културно добро да се заштити од влијанија во зимскиот период.