×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Годинава намалени пожарите

    23.12.2009 10:50 | KumanovoNews

    Во текот на 2009 година на териториите на Општините Куманово, Липково и Старо Нагоричане  избувнале вкупно 284 пожари. Најголем број од пожарите 117 се случиле на отворен простор, 95 на објекти и 20 пожари биле предизвикани на автомобили и други сообраќајни средства.


    Годинава намалени пожарите

    При тоа само едно лице било полесно повредено. Во однос на минатата година противпожарната служба интервенирала помалку за 25 насто. Опремета со која располагаат е недоволна и застарена.

    Оваа година не сме добиле никава помош од државата и покрај тоа што покриваме голема територија. Преку локалната самоуправа посетивме обука со пожарникарите од Франција од каде добивме едно возило за гаснење на шумски пожари. Во тек е јавна набавка за дел од колективна опрема до која ќе се подобрат условите за работа кога ќе ја добиеме - вели Дејан Илиевски, командир на Територијалната противпожарна единица Куманово.

    За време на летниот период биле ангажирани и сезонски работници кои учествувале во гаснењето на пожарите. Надлежните од територијалната противпожарна единица се надеваат дека наредната година ќе има и нови вработувања и формирање на нови тимови се во интерес на граѓаните.

                                                                                                                     И.И.