Годишен концерт на „Српски вез“ во Центарот за култура во Куманово
Културно-уметничкото друштво „Српски вез“ утре ќе одржи годишен концерт во Центарот за култура „Трајко Прокопиев“ во Куманово.

Концерт е по повод 12 години од постоењето на друштвото.
„Српски вез“ ќе се претстави со 7 свои фолклорни групи, оркестарот, етно-групата и пејачката група. Исто така, по овој повод ќе бидат премиерно изведени 4 нови кореографии, 1 комплет нови народни носии од околината на Лесковац и оригинални народни носии од кумановскиот крај. Специјални гости во програмскиот дел на концертот ќе бидат Ансамблот „Бојмија“ од Гевгелија, како и КУД „Симонида“ од Грачаница“, вели Далибор Китановиќ претседател на „Српски вез“.
На концертот ќе присуствуваат министри од Србија и Македонија, директорот на Националниот ансамбл „Коло“ од Белград, како и културни работници од двете земји.
Концертот е со почеток од 19 часот.