Годишна даночна пријава за персонален данок на доход за 2014
Од 1 јануари до 15 март граѓаните треба во канцелариите на УЈП, да поднесат Годишна даночна пријава за утврдување на персонален данок на доход за 2014 година.

Годишна даночна пријава поднесува граѓанин кој остварил приходи по основ на плата, приходи од земјоделска дејност, приходи од самостојна дејност, приходи од имот и имотни права, приходи од авторски права и права од индустриска сопственост, приходи од капитал, капитални добивки, добивки од игри на среќа и други приходи.
Граѓаните кои во текот на годината остваруваат само приходи од: плата и пензија, приходи од земјоделска дејност и приходи од самостојна дејност не се должни да поднесуваат Годишна даночна пријава.
Граѓаните кои нема да поднесат Годишна даночна пријава во предвидениот рок, им следи казна од 500 до 1000 евра.