×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Голем дел од земјата и Куманово без струја

    18.05.2025 08:50 | KumanovoNews

    Повеќе градови во државата, меѓу кои и дел од Куманово, од ноќеска имаат прекин во снабдувањето со електрична енергија. 

    Голем дел од земјата и Куманово без струја

    „На електродистрибутивната мрежа има дефект и нема електрична енергија во повеќето градови. Екипите на ЕВН се на терен, работат на отстранување на пречките. Не може да се предвиди кога ќе се санира дефектот и ќе се нормализира снабдувањето со електрична енергија. Има пад на далекуводната мрежа“, информираат од ЕВН Македонија.

    Струја нема и во повеќе делови на Куманово. На „Октомвриска револуција“ околу 7.00 часот  се нормализираше снабдувањето со електрична енергија, а нема ни интернет мрежа од одредени оператори.