Голем пожар во Руѓинце и Бељаковце ,пожарникарите на на терен и во текот на ноќта
Пожарникарите на Старо Нагоричане се обидуваат да воспостават контрола над огнот кој денеска во попладневните часови избувна во атарот на селата Руѓинце и Бељаковце.

Навремената интервенција го спречи загрозувањето на селото Руѓинце. Но, и покрај напорите на екипите на Територијалната противпожарна единица пожарот и понатаму се шири, па можеби ќе биде потребна и воздушна подршка.
„Бидејќи е веќе доцна за полетување на воздухоплови, дадени се насоки да се побара засилување и во текот на ноќта да се обезбеди селото Бељаковце кон кое се движи еден крак од пожарот. Пожарникарите од Старо Нагоричане, Куманово и Кратово ќе дежураат во близина на ова село“, изјави Стојанче Ангелов,директор на ЦУК.
Според ситуацијата на терен во текот на ноќта ќе биде донесена одлука дали, кога и кои воздухоплови ќе бидат употребени за гаснење на овој пожар.
Пожарот избувнал денес,некаде во 15.30 часот на територијата на Општина Старо Нагоричане.