Мени

Голема полициска акција на повеќе локации во Куманово, се прават претреси и се апсат лица за трговија со дрога

21.12.2021 09:06 | Сузана Николиќ

Голема полициска акција утрово се спроведува на повеќе локации во Куманово. 

Голема полициска акција на повеќе локации во Куманово, се прават претреси и се апсат лица за трговија со дрога

Според неофицијални информации се апсат лица и се прават претреси поради сомнение за нелегална трговија со дрога. За сега не се знае дали акција би можела да се прошири и во други градови. 

Од МВР потврдуваат дека во тек е полициска акција, но детали за тоа не соопштуваат.

Официјални информации за претресите и апсењето од таму најавија откако ќе заврши акцијата.