×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Голема заинтересираност за мерката за самовработување во Куманово

    21.02.2020 15:02 | KumanovoNews

    Околу шеесетина невработени лица се пријавиле во Центарот за вработување во Куманово, за мерката наменета за самовработување и претприемништво, која е дел од Оперативниот план за активни програми и мерки за вработување и услуги на пазарот на труд за 2020 година.

    Голема заинтересираност за мерката за самовработување во Куманово

    Корисници на оваа програма можат да бидат невработените млади лица до 29 годишна возраст, кои се активни баратели на работа, коишто над 30 дена се пријавуваат во Центарот за вработување, невработени лица со попреченост, невработените жени од ранливите категории-приматели на социјална помош, жени жртви на семејсното насилство како и долгорочно невработени лица.

    - Програмата за самовработување е наменета за невработените лица со претприемнички дух коишто сакаат својот проблем на вработување да го решат преку отпочнување  на сопствен бизнис. Сите лица коишто се пријавуваат како активни баратели ќе можат да аплицираат на оваа програма со што ќе се даде посебен акцент на младите и на жените од ранливите категории,- вели раководителката на Центарот за вработување, Марија Димитриевска.

    Димитриевска, додава дека досега во Центарот за вработување се пријавиле околу шеесетина лица и дека интересот за оваа мерка е голем бидејќи преку оваа мерка е предвидена и неповратна финансиска помош.

    - Доколку некое лице е заинтересирано да учестува во оваа програма ќе добие финансиска помош, односно неповратни средства  од грант за набавка на опрема и материјали, во износ од 307.500 денари, доколку пак две невработени лица коишто имаат заедничка бизнис идеја и се одлучат да формираат друштво со ограничена одговорност, добиваат неповратен грант за набавка на опрема на материјали во износ од 615.000 денари,- додава Димитриевска.

    Фирмите коишто се основани од лица со попреченост ќе бидат поддржани со најмногу до две дополнителни вработувања, додека пак на лицата со попреченост, на припадниците на ромската етничка заедница како и на жените од ранлива категорија ќе им се обезбеди и советодавна менторка поддршка во период од 12 месеци по отпочнувањето со работа.

    Преку програмата за поддршка за самовработување односно претприемништво не се поддржуваат дејности како што се земјоделска, со исклучок на органското земјоделско производство, такси службата, поизводство и дистрибуција на оружје како и финансиски и осигурителни бизниси. По исклучок за земјоделската дејност и такси службата можат да бидат поддржани лицата со попреченост, невработените роми како и примателите на социјална гарантирана помош, додека пак лицата коишто еднаш учествувале во оваа програма немаат право повторно да учествуваат во неа.

    Со оваа мерка годинава ќе бидат опфатени 1.364 невработени лица, а огласот ќе биде отворен се` до исполнување на предвидената бројка.