×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Големата поддршка на митингот во Куманово е ветар во грб за победа на Пендаровски, кажа Арсиќ

    16.04.2024 10:30 | Оливера Пешевска

    Граѓаните на Куманово покажаа дека секогаш ги препознаваат напредните идеи и европските вредности и со своето присуство на градскиот плоштад дадоа огромен ветер во грб за големата победа во првиот круг на нашиот кандидат“, кажа Александар Арсиќ претседател на ОО СДСМ Куманово.

    Големата поддршка на митингот во Куманово е ветар во грб за победа на Пендаровски, кажа Арсиќ

    Тој придружуван од раководството на општинската организација и на коалицијата на прес конференција упати благодарност до граѓаните кои во голем број дојдоа на минтингот да дадат поддршка на претседателскиот кандидат Стево Пендаровски и на нивната политичка опција.

    „Куманово секогаш знае да препознае искрен и чесен пристап, и затоа нашиот Стево ужива огромна поддршка меѓу кумановци. Изразувам благодарност до сите социјалдемократи и присутни граѓани и ви давам до знаење дека вашата поддршка нема да е залудна и дека гласот даден за нашиот кандидат ќе биде глас за продолжување на европските политики и патот кон полноправно членство во Европската унија. Вашиот глас ќе биде глас за сегашниот и идниот претседател, претседател на сите граѓани, а сето тоа Стево Пендаровски го покажа и во досегашниот мандат, извршувајќи ја функцијата претседател достоинствено и чесно. Мои кумановци, останете доследни на социјалдемократските идеи и на европските вредности“, истакна Арсиќ.