Големо отвoрање на бутикот „Гуд Стајлинг“ - подароци и изненадувања за купувачите
Во Занаетчискиот дом во Куманово, утре ќе започне со работа новиот ексклузивен салон „Гуд Стајлинг“. Станува збор за голем модерен и ексклузивен продажен салон за облека, налик на светските модни брендови.

Со овој салон Куманово ќе добие современ шопинг центар, а купувачите широк спектар на модели на машка и женска квалитетна облека, со која ќе можат да ја истакнат својата препознатливост и да го збогатат својот стил на облекување.
„Во Куманово, навистина беше потребен еден ваков ексклузивен салон за облека. Ние ќе се трудиме на да го подобриме квалитетот којшто ќе го нудиме, а во моментот работиме и на едуцирање на персоналот којшто ќе биде задолжен за продажба“, вели сопственикот Даниел Лазаревски Петровски, кој нетрпеливо го очекува утрешното отворање.
Просторот е исполнет со широк асортиман на машка и женска облека во најразлични величини и најразлични бои, простран и модерно уреден, налик на галерија во која купувачот има прегледност на понуденото.
На утрешното отворање, за секоја направена сметка, без разлика на сумата, секој купувач ќе добие подарок како знак на мало внимание, а целиот асортиман на облека ќе биде на попуст. Цените се прилагодени на можностите на сите граѓани.
Како што вели младиот сопственик, тие нивната приказна сакаат да ја испишуваат не само како исчекор нанапред во светот на модата, туку и како исчекор нанапред и во општествено созревање, во начинот на нудењето на услугата и комуникацијата со клиентите.
„Целата замисла на продажниот салон е направена на самопослужување. Персоналот задолжен за продажба ќе му биде достапен на купувачот, доколку тој има потреба од консултација или помош при наоѓањето на соодветното парче. Не сакам куппувачите да чувствуваат никаков притисок од наша страна, туку да имаат чувство на слобода додека го бираат парчето облека коешто ги опишува нив“, вели Лазаревски Петровски.
Во салонот ќе има посебен оддел каде што можат да се купуваат македонски производи со платежна картичка. Фејсбук страната на бутикот можете да ја отворите со притискање тука.
Отварањето на салонот е во 8 часот, а журката ќе трае цел ден.
(комерцијален текст)