×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање
  • Политички маркетинг

  • Горд сум на изборниот резултат, својот тим и чесната кампања, кажа Горан Стојковски - Диро

    03.11.2025 07:05 | KumanovoNews

    Иако резултатите вечерва не се како што очекувавме, сепак сум многу горд, изјави независниот кандидат за градоначалник на Куманово, Горан Стојковски – Диро, во своето прво обраќање, откако со 1.331 глас помалку изгуби во вториот круг на локалните избори од противкандидатот Максим Димитриевски од ЗНАМ.

    Горд сум на изборниот резултат, својот тим и чесната кампања, кажа Горан Стојковски - Диро

    „Горд сум затоа што имавме една жива, креативна, инспиративна, најчесна кампања до сега видена во Куманово. Горд сум и на овој тим, на храбри, млади, креативни, искусни луѓе кои беа со мене во ова политичко патување. Ова за мене не беше само изборна трка, туку градска школа за чест и достоинство“, кажа Стојковски. 

    Тој најави дека тимот „Ред за Куманово“ ќе стои на располагање на кумановци, бидејќи бројот на гласови ги обврзува да продолжат понатаму. 

    „Нашите двајца другари, прекрасни луѓе ќе бидат дел од Советот на општина Куманово, ќе продолжат натаму да ги бранат интересите на Куманово и се надевам дека на следните избори ќе имаме сосема други резултати“, кажа Стојковски.

    Стојковски кажа дека се препознаени од граѓаните поради што имаат обврска во наредниот период да информираат за нивните понатамошни чекори во однос на понатамошното дејствување.

    Тој му ја честиташе победата на Димитриевски и да му посака успех во понатамошната работа, затоа што, смета тој,  успехот на градоначалник е успех за целиот град. 

    Во вториот круг Димитриевски освои 16.792 гласа, додека Стојковски 15.461 глас.