×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Гордана Сиљановска - Давкова победи на претседателските избори

    09.05.2024 08:48 | Оливера Пешевска

    Гордана Сиљановска - Давкова победи на претседателските избори и доби мандат од граѓаните да ја води земјата во наредните пет години.

    Гордана Сиљановска - Давкова победи на претседателските избори

    Таа освои 560.170 гласови, односно 65,14%, додека актуелниот претседател Стево Пендаровски доби поддршка од 251.541 избирач (29,25%).

    Во своето обраќање по победата, кажа дека е среќна што ќе биде прва жена претседател на државата и ќе даде сè од себе да ги брани националните интереси.

    „Ќе се опкружам со силни жени околу мене. Не се согласувам дека гласовите сум ги добила со набој на национализам, а тоа ќе го докажам што во мојот кабинет ќе вклучам и Албанци, Турци и други националности“, рече Сиљановска-Давкова.

    Професорката Гордана Силјановска - Давкова има 71 година, актуелен пратеник е на ВМРО-ДПМНЕ во Собранието. Беше министерка без ресор во првата влада на Бранко Црвенковски (1992-1994).  

    Во предизборното претставување истакнуваше дека претседателот треба да се однесува натпартиски, да не заборави дека е таму заради државните и националните интереси, а не заради своја кариера и слава. Едно од ветувањата што ги даде е дека ќе ги помилува осудените за 27 април, затоа што квалификацијата на делото не одговарало на степенот на насилството.  Вети и враќање на народните канцеларии преку кои секогаш ќе биде блиску до граѓаните. 

    Кандидатот на СДСМ Стево Пендаровски, на прес конференција го призна изборниот пораз, честитајќи и на Силјановска и посакувајќи и успешна работа во наредните пет години.

    „Мојот концепт за мултиетничка Македонија, целосно интегрирана во евроатлантските структури, денеска за жал не доби мнозинска поддршка од граѓаните. Меѓутоа јас сум длабоко убеден дека само таква Македонија може да биде просперитетна и демократска држава. Во таа смисла, мојата совест е мирна“, изјави Пендаровски во своето обраќање.