×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Гореше нива со жито, лозја и нискостеблеста шума во Клечовце и Довезенце

    26.06.2025 13:41 | KumanovoNews

    Голем пожар вчера напладне избувнал во атарот на селата Клечовце и Довезенце.

    Гореше нива со жито, лозја и нискостеблеста шума во Клечовце и Довезенце

    Притоа биле зафатени површини со жито, лозја и нискостеблеста шума. Пожарот го гаснеле екипи на Противпожарните единици на Куманово и Старо Нагоричане повеќе од 4 часа. 

    „Во 14. 41 часот  било пријавено дека во селата Клечовце и Довезенце, кумановско, настанал пожар, при што била зафатена нива со жито.  Увид на местото на настанот извршила екипа на СВР Куманово, при што било утврдено дека пожарот е на приватен имот, сопственост на С.А, М.В. и М.Ц.. а биле зафатени повеќе лозови садници, житна култура и нискостеблеста шума“, соопшти МВР.

     Од Регионалниот центар за управување со кризи (РЦУК), соопштија дека интервенцијата на ТППЕ Куманово на запалена сува трева, жито и лојза во атарот на селата Клечовце  и Довезенце траела од 14,40 до 20,30 часот  со 1 возило 5 пожарникари,  додека ТППЕ Старо Нагоричане било на испомош од 15.20 до 20.20 часот со 1 возило и двајца пожарникари.