Гореше плевна во Матејче и сува трева во Горно Којнаре
29.07.2017 07:55
| KumanovoNews
Во голем пожер вчера изгорела плевна во селото Матејче и поголема површина на сува трева и ниски растенија во селото Горно Којнаре.

Пожарот во Матејче бил пријавен околу пладне, по што на терен излегла противпожарната единица и го локализирала огнот за два часа.
Во вториот случај станува збор за пожар на отворен простор во селото Долно Којнаре кој се разгорел во 14.20 часот, а бил изгаснат во 15.45 часот.
Причината за пожарите и матерјалната штета не се познати.