Гореше стрниште на локалитетот Стара циглана
13.08.2015 07:29
| KumanovoNews
Стрниште вчера гореше на локалитетот Стара циглана во Куманово.

Територијалната противпожарна единица Куманово го гаснеше пожарот од 13.50 до 16.50 часот, со едно возило и 3 пожарникари. Површината на опожареното стрниште не е позната, а причинител на пожарот најверојатно е човечки фактор.