Мени

Гореше шума кај Искрин мост

07.07.2015 08:33 | KumanovoNews

 Нискостеблеста шума и трева вчера гореше на регионалниот пат Куманово-Свети Николе, кај Искрин мост.

Гореше шума кај Искрин мост

Се работи за површина од 20 хектари. Пожарот е пријавен околу 13.35 часот и е локализиран во 20.10 часот, со една цистерна и пет пожарникари. Причината за појава на пожарот и материјалната штета не се познати.