×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Гореше сува трева во Багрем Бања и во Диво насеље

    21.07.2020 07:25 | KumanovoNews

    На две локации во градот синоќа гореше сува трева. Пожарникарите интервенираа на локацијата Багрем бања и покрај автопатот во Диво Насеље.

    Гореше сува трева во Багрем Бања и во Диво насеље

    Пожарот на пругата во м.в. Багрем бања го запалија граѓани од населбата Средорек, кажуваат очевидци.

    „ Неколку лица прво запалија гуми и се разви голем огин. Тоа гореше можеби околу еден час, а потоа го расфрлаа наоколу и ја зафати тревата. Кога се разгоре огнот не се обидоа да го изгаснат туку се заминаа. Ова се случува секое попладне и ние што сме во зградите од другата страна на реката се гушиме во дим“, - кажуваат станарите.

    Од ТППЕ Куманово информираат дека во текот на денoт немале интервенции, а во вечерните часови имале полни раце работа.

    „Во Багрем Бања интервениравме на гаснење сува трева во периодот од 20.50-21.50ч. Каде учествувале 3 пожарникара со 1 ПП. Во н. Диво Насеље - автопат гасневме запалена сува трева во периодот од 21.05-23.35 часот, со едно возила и 3 пожарникари“- соопштуваат од ТППЕ Куманово.