Мени

Гореше сува трева во Доброшане и на “Никшичка“

08.08.2015 10:34 | KumanovoNews

Во текот на вчерашниот ден регистрирани се два пожари на запалена сува трева во населба Доброшане и на улица “Никшичка“.

Гореше сува трева во Доброшане и на “Никшичка“

Територијалната противпожарна единица Куманово од 09.35 до 10.55 часот, интервенирала  на опожарена сува трева со непозната површина во атерот на Доброшане.

На улица „Никшичка“ интервенирано е од 13.50 до 14.40 часот на запалена сува трева.

Нема податоци за причинета материјална штета.