Мени

Горивата поевтини зa два до четири денари за литар

27.04.2020 13:32 | KumanovoNews

 Горивата од ноќеска на полноќ поевтинуваат за два до четири денари по литар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ).

Горивата поевтини зa два до четири денари за литар

Малопродажната цена на бензинот Еуросупер БС-95 се намалува за 2,5 денари по литар и ќе изнесува 49,5 денари. Бензинот Еуросупер БС-98 поевтинува за 2,0 денари и ќе чини  52 денари за литар.

Цената на Еуродизел (Д-Е V), се намалува за 4,0 денари и ќе изнесува 42,5 денари за литар, додека малопродажната цена Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се намалува за 3,5 денари и ќе изнесува 30,5 денари.

Со одлуката на РКЕ за 2,178 денари за килограм се намалува и малопродажната цена на мазутот М-1 НС и ќе чини 16,945 денари.