Горивата поевтинуваат за еден денар
30.09.2019 12:03
| KumanovoNews
Регулаторната комисија за енергетика на Македонија, донесе одлука за нови цени на горивата, која ќе стапи во употреба вечерва по полноќ.

Малопродажните цени на ,на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98, како и на дизел горивото ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д Е V) ќе се намалат за 1 денар.
Моторниот бензин ЕУРОСУПЕР БС-95 ќе биде со цена од 68,50 ден/лит, ЕУРОСУПЕР БС-98 ќе биде со цена од 71,00 ден/лит, а ЕУРОДИЗЕЛОТ ќе се продава за 63,00 ден/лит. Екстра лесното масло за домаќинство ќе чини 52,50 денари за литар.