×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Горивата поскапуваат од половина до еден денар

    13.07.2020 11:10 | KumanovoNews

    Регулаторната комисија за енергетика донесе одлука за зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во прoсек за 1,53 % во однос на досегашните малопродажни цени, односно зголемување од 0,5 до 1 денар.

    Горивата поскапуваат од половина до еден денар

    Од вечерва на полноќ малопродажните цени на бензинот Еуросупер БС-98 и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1)  се зголемуваат за 0,50 денар за литар и со тоа малопродажната цена на Еуросупер БС-98 ќе изнесува 63,50 ден/лит, додека малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) ќе изнесува 53,00 ден/лит.

    Малопродажните цени на бензинот Еуросупер БС-95 и на Еуродизел (Д-Е V) се зголемуваат за 1,00 денар/литар и со тоа малопродажната цена на Еуросупер БС-95 ќе изнесува 61,50 ден/лит, додека малопродажната цена на Еуродизел (Д-Е V) ќе изнесува 53,50 ден/лит.

    Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се зголемува за 0,605 ден/кг и од вечерва на полноќ ќе изнесува 26,585 ден/кг.