Горивата со нови цени од денес
03.09.2019 09:18
| KumanovoNews
Бензините од ноќеска на полноќ поскапea за половина денар, додека цената на дизелот ќе остане иста, соопшти Регулаторната комисија за енергетика.

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 67 денари за литар, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 69 денари за литар.
Цената на дизелот останува 61 денар за литар, а на Екстра лесното масло за домаќинство 51 денар.
Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се намалува за 0,763 денари за килограм на 31,811 денари.