×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Градинката го промовираше “зеленото знаме“

    03.04.2014 10:37 | KumanovoNews

    Градинката “Ангел Шајче“ денеска на Градскиот плоштад ја промовираше наградата “зелено знаме“ која ја доби од Министерството за образование за реализирани еко активности.

    Градинката го промовираше “зеленото знаме“

    Во Општина Куманово градинката е единствена воспитно - образована установа која има добиено ваква награда и интернационално признание “еко градинка“.

    Ние претходно тој статус го имавме стекнато, но бидејќи тој треба да се обновува на секои две години интензивно работевме со целопкупниот тим на “Ангел Шајче“. Напорно работевме заедно со децата на реализирање на еколошки активности за заштита и чување на животната средина. Наградата е показател на целиот наш труд кој што сме го вложиле во реализирање на тие активности - рече Билјана Чунгурски, координатор на програмата во “Ангел Шајче“.

    Прославата по повод добивање “зелено знаме“ ја отвори раководителот на секторот за култура и спорт во Општина Куманово, Жика Крстевски кој кажа дека “Ангел Шајче“ иако има просторни проблеми сепак е најдобра градинка во земјава.

     Ако им дозволиме тие секој ден би работеле на плоштадот и би било тоа една работилница каде би ги презентирале достигнувањата што ги стекнуваат со нивните воспитувачки, негувателки. Тука е и одделението за екологија во Општина Куманово кое заедно со градинката ги едуцираат од најрана возраст за чиста средина, за еколошки живот - изјави Крстевски.

    Тој од свое и од име на градоначалникот ја честиташе наградата на градинката “Ангел Шајче“.