ГРАДИНКАТА „СИНОЛИЧКА“ ДОБИ ДВЕ НОВИ ЗАНИМАЛНИ СО КАПАЦИТЕТ ЗА 37 ДЕЦА

27.02.2021 - 14:20

Доградени се две занимални во објектот „Синоличка“ на градинката „Ангел Шајче“ во Куманово. Во новиот простор кој е со провршина од 227 метри квадратни ќе престојуваат 37 дечиња во две билингвални групи.

ГРАДИНКАТА „СИНОЛИЧКА“ ДОБИ ДВЕ НОВИ ЗАНИМАЛНИ СО КАПАЦИТЕТ ЗА 37 ДЕЦА

Министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска, која присуствуваше на предавање на новиот објект, рече дека Владата и Министерството имаат сериозни вложувања за унапредување на претшколското образование на најмладите, пред се преку изградба на нови градинки и доградба на постоечките.

„Овде имаме проширување на постоечкиот капацитет на грдинката, со што би се опфатиле дополнителен број на деца во две групи од 9 до 18 месеци и втората хетерогена група која што ќе опфати деца од 3 до 6 години. Ова вложување е направено со Општина Куманово, вложуваме со заеднички напори во проекти на подобрување на условите во кои престојуваат нашите најмлади“, изјави Шахпаска.

Таа додаде дека концептот „Едно општество за сите“, во пракса функционира во Општина Куманово, бидејќи во градинката „Ангел Шајче“, работат три двојазични групи, две со деца Македонци и Албанци и една македонско-српска група, каде децата учат и се дружат заедно.    

Во доградбата на објектот Министерството за труд и социјална политика обезбеди 10 милиони денари, Општина Куманово со 222.500 денари во уредување на подеземната инфраструктура на објектот, а учествуваше и градинката со сопствени средства.

„Помогнавме со цел да се зголеми капацитетот за сместување на дечињата во градинките. Ова е еден од неколкуте мултиетнички градинки, каде што имаме образовен процес на повеќе јазици“, рече градоначалникот Максим Димитриевки, кој изрази подготвеност за вклученост во нови проекти.

Со дополнителни 37 деца, вкупниот капаците на објектот „Синоличка“ е 164 деца.

Во Куманово во состав на градинката „Ангел Шајче“ работат 7 објекти и два центри за ран детски развој во кој се сместени над 1.800 деца. Но потребите на градот се многу поголеми и со години родителите имаат сериозни проблеми со сместување на децата. На листата на чекање пред коронакризата имаше повеќе од 500 деца. Сега поради пандемијата бројот на деца во градинката е намален.

(С.Н.)

ГРАДИНКАТА „СИНОЛИЧКА“ ДОБИ ДВЕ НОВИ ЗАНИМАЛНИ СО КАПАЦИТЕТ ЗА 37 ДЕЦА


2008 - 2021 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk