Градинките ќе работат во две смени
Од 1 септември, градинките ќе работат во две смени до 21.30 часот.
Министерката за труд и социјалната Мила Царовска информираше дека првите смени ќе бидат од 7:00 до 14:30 часот, а вторите од 14:00 до 21:30 часот.
Ќе се работи и секоја прва сабота во месецот од 8:00 до 16:00 часот, согласно владината Одлука донесена на 10 јули годинава.
„Целта на двосменското работење е децата и родителите да ја добијат потребната грижа од јавите установи“, изјави Царовска на прес-конференција и најави нови инвестиции во градинките, посебно во руралните средини.
Царовска додаде министерството е подготвено за отворање нови работни места, што како потреба ќе ги наложи двосменското работење.
Во Куманово од средината на септември ќе започне со работа нова градинка, која ќе биде сместена во дел од просториите на некогашниот Пионерски дом.