Граѓаните да го заштитат имотот од крадци, апелираат од СВР Куманово
На социјалните мрежи да не се објавуваат слики дека не сте дома е само една од препораките на полицијата како да се заштитат домовите од кражба, додека семејството е на годишен одмор

Секторот за внатрешни работи Куманово апелира до граѓаните да го заштитат своите домови од кражби за време на годишните одмори, бидејќи се зачестени кражбите во овој период од годината. Поради тоа Отсекот за превенција, започна проект „Повлечи потег, заштити го својот имот од кражби“, кој преку разновидни активности, во соработка на полицијата со граѓаните ќе придонесе за заштита на имотот на граѓаните. Истовремено предлага совети до кои граѓаните треба да се придржуваат.
„ Сите врати и прозорци да бидат добро затворени, да не се дозволува непознато лице да влезе во вашиот дом, да се пријави во полиција на 192 ако се забележи нешто сомнително, да се негуваат добрососедски односи, да се чуваат вредните предмети на сигурно место, да не се кажува дека не сте дома, да се организира редовна советодавна група на граѓани за да го заштитат соседството, станот или куќата да бидат добро осветлени, надворешната врата да не се остава отклучена, да се инсталираат алармни уреди и безбедносни камери и да не се објавува отсуството од дома на социјалните мрежи“, - соопштуваат од СВР Куманово.