Градоначалникот Димитриевски тврди дека е негативен на коронавирус, направил нови тестови
Градоначалникот на Куманово Максим Димитриевски, тврди дека е негативен на коронавирус откако повтроно се тестирал на негово барање.

Тој вечерба на Фејсбрук напиша дека вчера заедно со сопругата почитувајќи ги сите безбедносни протоколи и процедури направиле тестирање на КОВИД- 19 на сопствена сметка во неколку релевантни лаборатории во државата, а претходно се во Центарот за јавно здравје (ЦЈЗ) во Куманово се тестирале и сите членови од неговото семејство и сите биле негативни.
- Денеска од епидемиолошката служба при ЦЈЗ Куманово побарав да ги разгледа резултатите од тестирањата, по потреба да го повтори тестирањето и под итно да достават барање за укинување на решенијата за самоизолација за мене и членовите на моето семејство и сите мои контакти посочени во епидемиолошка анкета.
Се надевам дека моето барање ќе биде итно разгледано и реализирано во рамки на процедурите, бидејќи покрај негативните тестови здравствената состојба на мене и семејството е добра и не постојат никакви симптоми ниту показатели на инфекција од КОВИД 19 со цел да се вратам на секојдневните работни обврски и заедно со мојот тим во Општинскиот штаб за заштита и спасување да продолжам со борбата против епидемијата во нашиот град и државата. Ги отфрлам сите обвинувања околу наводната мојата позитивност, анатемата мора да се тргне, - напиша Димитриевски.
Тој им посакува брзо закрепнување на сите негови сограѓани кои во моментов се борат со болеста а на сите останати да ги почитуваме мерките за социјална дистанца.
Димитриевски беше потврден за позитивин на коронавирус на 16 април, заедно со уште 40 кумановци меѓу кои и петмина членови на Општинскиот штаб за заштита и спасување. Еден ден пред тоа се одржа проширена седница на штабот на која присуствуваше премиерот Оливер Спасовски и тројца министри, поради што тие мораа да во самоизолација.