×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Градоначалникот на новогодишна средба со новинарите

    27.12.2010 06:59 | KumanovoNews

     На средбата во празнична атмосфера градоначалникот Зоран Дамјановски и новинарите од националните и локални медиуми разговараа за соработкат во годината што изминува, но и за она што не очекува понатаму.

    Градоначалникот на новогодишна средба со новинарите

    Кабинетот на градоначалникот и годинава го организираше традиционалниот новогодишен прием за вработените во сретствата за информирање. На средбата во празнична атмосфера градоначалникот Зоран Дамјановски и новинарите од националните и локални медиуми разговараа за соработкат во годината што изминува, но и за она што не очекува понатаму.

    Оваа локална администрација посветува посебно внимание кон сите претставници на медиумите во Куманово и шеста година по ред ние пред Нова година се среќаваме. При тоа разговараме за актуелните проблемите и она што значи подобрување на заедничката комуникација. Јавно, а пред се објективно претставување на сите проекти, бидејќи Општината нема намера да ги користи медиумите за политизација, туку за претставување на градот. Тоа е единствениот начин да се информираат граѓаните и да видиме повратна информација од нив- рече градоначалникот.

    Градоначалникот призна дека понекогаш е критичен кон новинарите, но не на нивниот интелектуален капацитет  туку пред се на условите во кои работата и недоволниот технички потенцијал на електронските медиуми. При тоа порача на луѓето кои имаат пари во градот да се зафата за отварање на нови медиуми за да се направат нови брендови, да се зајакнат информативните програми и  да се подобри информирањето во Општината.

    Во името на новинарите за досегашната успешна соработка со локалната администрација се заблагодари доајенот на кумановското новинарство Столе Божиновски.