×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Градоначалникот на Самит во Тирана

    25.09.2010 07:46 | KumanovoNews

     Градоначаникот Зоран Дамјановски во Тирана присуствува на Самитот на градоначалници на најголемите балкански градови BALCINET, каде имаше обраќање за урбаниот развој на градот.

    Градоначалникот на Самит во Тирана

     При тоа тој го претставил и процесот на децентрализација и ингеренциите на локалната самоуправа во севкупниот урбан развој на заедниците, и како Куманово во рамките на своите можности се справува со проблемите и изнаоѓа решенија за подобрување на урбаното живеење.

    Своето излагање градоначалникот го базираше врз три постулати: урбанизација,образование и културата. Ги претстави изградбата и регулација на речното корито, реконструкција и изградба на булеварската мрежа низ градот, изградба на водоводни и канализациони мрежи итн. Потоа се задржа на условите во образовниот процес и спортските активности на граѓаните на Куманово. Реконсрукција на училиштата, изградба на нови простории за одвивање на наставниот процес, изградба на училишни спортски сали, изградба на спортско рекреативни содржини на Градскиот кеј и подобрување и заживување на култруниот живот на граѓаните како неодминлив сегмент од урбаниот развој на секоја заедница преку многу настани од културата кои земаат посебно место во севкупното живеење на градот- вели портпаролот Дарко Станојковски.

     Домаќин на единаесетиот по ред Самит на најголемите балкански градови BALCINET е градоначалник на Тирана Еди Рама.Покрај градоначалникот Дамјановски присуствуваат и неговите колеги од Солун, Софија, Нови Сад, Тетово, Корча, Анкара, Сараево, Варна и Лариса.