×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Градскиот базен во Куманово нема да работи, се прекинуваат и сите воншколски активности

    11.03.2020 10:31 | KumanovoNews

    Затворениот базен во Куманово нема да работи во наредните 14 дена, по одлуката на Владата со која се забранува користење од секаков тип на пливачки базени, како превенција од корона вирусот.

    Градскиот базен во Куманово нема да работи, се прекинуваат и сите воншколски активности

    Даниел Стојчевски, директорот на ЈП „Чистота и зеленило“ вели дека согласно препораките Затворениот базен нема да работи и во наведениот период ќе се изврши целосна дезинфекција на базенот.

    - Сакам да ги информирам граѓаните, дека согласно препораките од Владата, Затворениот базен во Куманово наредните 14 дена нема да работи ниту за клубовите ниту за оние рекреативни посетители. Во меѓувреме, ние ќе ги следиме препораките на Владата и граѓаните ќе бидат дополнително известени доколку има некои измени. Вработените на Затворениот градски базен, ќе доаѓаат на работа и во редовното работно време ќе извршат дезинфекција и цистење на базенот,- додава директорот Стојчевски.

    Се прекинуваат и сите воншколски или дополнителни и приватни програми кои децата ги извршуваат вон наставата, како што се курсеви за странски јазици, дополнителни часови, спортски тренинзи и воспитно-образовни активности, како дел од одлуката на Владата да се затворат градиниките, училиштата и факултетите во наредните 14 дена за да се спречи проширување на коронавирусот.

    Родителите да ја почитуваат препораката за мирување и седењето дома и да не се посетуваат игротеките, апелираше денеска министерот за здравство Венко Филипче.

    „Апелирам да се почитува мирувањето и седењето дома, да не се претвори во масовно посетување на игротеки, како што беше случајот со епидемијата на морбили. Ако одат по игротеки, тогаш мерката нема да има никава смисла. Да се почитува мерката децата да бидат во домашни услови“, кажа министерот Филипче.