Мени

Граѓаните да ги ажурираат податоците за „Безбеден град“ во станиците за технички преглед или во МТВ

29.01.2026 09:18 | KumanovoNews

Граѓаните кои имаат потреба да извршат промена на податоците за потребите на проектот „Безбеден град“ тоа можат да го сторат во зградата на МВР и во станиците за технички преглед каде што го регистрирале возилото.

Граѓаните да ги ажурираат податоците за „Безбеден град“ во станиците за технички преглед или во МТВ

„Министерството за внатрешни работи ги потсетува граѓаните дека на посебниот шалтер во Одделот за граѓански работи, во зградата на МВР (приземје) во Скопје, кој работи секој работен ден од 08:00 до 17:00 часот, можат да поднесат барање за промена на контакт-податоците што ги доставиле при регистрација на возилата, доколку настанала промена или доколку добиле известување со неточни податоци. Истото може да се изврши и во станиците за технички преглед на возила низ државата, каде што е распореден деташиран референт на МВР“, соопштија од МВР.

Оттаму велат дека со отворањето на овој шалтер Министерството за внатрешни работи уште еднаш ја потврдува својата заложба за отвореност и посветеност кон безбедноста и потребите на граѓаните.