×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Граѓаните да се заштитат од високите температури, препорачува Министерството за здравство

    19.07.2025 11:51 | KumanovoNews

    Министерството за здравство препорачува граѓаните да се заштитат од високите температури, по најновата прогноза од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) дека во периодот од утре до четврток /20 до 24 јули/ се очекува значително зголемување на дневните температури.

    Граѓаните да се заштитат од високите температури, препорачува Министерството за здравство

    „Престојување во затворени, разладени простории, особено во периодот од 11 до 17 часот, внесување доволно течности, избегнување алкохол и засладени пијалоци, носење лесна, светла облека и користење заштита за глава и очи, избегнување физичка активност во најтоплите часови од денот, посветување внимание на деца, стари лица, лица со хронични заболувања и бремени жени, да се одложат активности на отворено во најтоплиот дел од денот и да се обезбедат микроклиматски услови (разладени простории со температура до 25 степени целзиусови) на работното место и во домот, а во случај на симптоми како вртоглавица, главоболка, гадење или забрзан пулс веднаш да се побара медицинска помош“, стои во препораката.
     
    Ппрепораките за заштита на населението од високи температури ги соопшти Министерството за здравство согласно најновата за значително зголемување на дневните температури, кои во одделни региони може да достигнат и до 41 степен Целзиусов.

    Од Министерството наведуваат дека внимателно ја следат состојбата на дневна основа и ќе постапува согласно проценките и потребите.