×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Граѓаните можат да влезат во Србија со личните карти без „Северна“

    14.02.2024 13:09 | Сузана Николиќ

    Граѓаните без проблем можат да остварат излез од државата кон Србија и со лични карти кои го немаат новото име на државата со додавката „Северна“, но се важечки според датумот на важност испишан на нив.

    Граѓаните можат да влезат во Србија со личните карти без „Северна“

    „Од страна на раководните полициски службеници на граничниот премин министерот беше известен дека сѐ се одвива во најдобар ред согласно утврдените правила и дека граѓаните без проблем можат да остварат излез од државата кон Србија и со оние лични карти кои се со името “Република Македонија“, но се важечки според датумот на важност испишан на нив“, соопшти МВР.

     Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска го посети граничниот премин Табановце каде на лице место ја утврдил фактичката состојба поврзана со преминувањето на границата на возила и патници кон соседна Србија. 

    Од страна на министерот Тошковски беше потенцирано она што во изминатите денови го соопштивме како министерство, а тоа е правото на граѓаните доколку бидат спречени да остварат излез, да добијат писмено образложение со причините за истото.

    Исто така, министерот кратко ги поздрави и одговорните полициски службеници од српската гранична полиција кои потврдија дека преминот на македонските граѓани се одвива непречено и во таа насока се заблагодари за одличната соработка која ја имаме како министерства.