×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Граѓаните на Куманово меѓу најмалку вакцинираните во земјата

    28.09.2021 11:59 | Сузана Николиќ

    Помеѓу 30-40 отсто, односно најмалку вакцинирани во моментов има во Виница, Куманово, Кратово, Дебар, Струмица, Гостивар и Радовиш.

     

     

    Граѓаните на Куманово меѓу најмалку вакцинираните во земјата

    Со една доза на вакцина против ковид-19 во земјава се вакцинирани 46,9 отсто од населението над 18 години, заклучно со 26 септември, стои во извештајот на Министерството за здравство.

    Кај лицата над 40 години опфатот со една доза изнесува 55 отсто, а кај лицата помеѓу 18-39 години опфатот со една доза на вакцина е помал, т. е 31%.

    Според последните податоци, најмногу со прва доза вакцинирани граѓани има во градовите Охрид (63,9%), Кавадарци( 64,3%), Гевгелија(61,4%) и Неготино (65,1%).

    Помеѓу 50-60 отсто опфат на вакцинирано население со прва доза има во градовите Битола, Демир Хисар, Ресен, Велес, Берово, Пехчево, Прилеп, Крушево, Валандово, Штип и Пробиштип.

    Помеѓу 40-50% опфат на вакцнинирани граѓани има во градовите Кичево, Св.Николе, Кочани, Делчево, Крива Паланка, Струга, М.Брод, Скопје и Тетово.