Мени

Граната од Втората светска војна пронајдена во Лопате

10.03.2023 16:26 | KumanovoNews

Стара експлозивна направа, која останала од Втората светска војна била пронајдена во селото Лопате.

Граната од Втората светска војна пронајдена во Лопате

„На 08. март било пријавено дека во село Лопате, кумановско, била пронајдена граната најверојатно од Втората светска војна. Екипа од СВР Куманово извршила увид, а гранатaтa билa безбедно подигнатa од пиротехничар од Дирекцијата за заштита и спасување за понатамошна постапка“, соопшти МВР.