Граничниот премин Прохор Пчински од утре затворен, сите патници и возила на Табановце
Граничниот премин Прохор Пчински, на српско-македонската граница, од утре ќе биде затворен за сообраќај и патници, со одлука на Владата на Србија, а како заштита од корона вирусот.

МВР ги известува македонските граѓани дека сите патници и возила од граничниот премин Пелинце на македонска страна ќе се пренасочуваат на зедничкиот граничен премин Табановце- Прешево.
- Ги известуваме граѓаните дека граничниот премин Прохор Пчински од утре (12.03- четврток) од 7.00 часот, согласно насоките од Владата на Република Србија а во врска со Ковид 19 ќе биде затворен за патници и возила. Поради тоа сите патници и возила од нашиот граничен премин Пелинце ќе се пренасочуваат на заедничкиот граничен премин Табановце-Прешево, - соопштуваат од МВР.