Грција на 14 мај ќе ја отвори границата и за македонските граѓани, кажа Филипче
31.03.2021 12:48
| KumanovoNews
Од 14 мај Грција планира да ги отвори граничните премини „Дојран“ и „Евзони“ и за македонските граѓани, информираше министерот за здравство Венко Филипче.
„Но, ќе биде задолжително да се прикаже потврда за вакцинација или негативен ПЦР тест“, најави Филипче.
Границите со Грција се затворени од лани на 16 март поради ковид пандемијата.