Мени

Грчки државјанин натепал цариник на „Табановце“

19.05.2022 13:34 | KumanovoNews

Вчера околу 21.30 часот на Граничен премин „Табановце", полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода Н.Н.(42) од Грција.

Грчки државјанин натепал цариник на „Табановце“

Тој се однесувал агресивно и физички нападнал царински службеник кој вршел царинска контрола на неговото товарно возило со кое пристигнал на преминот.

Н.Н. бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.