Мени

Хит претставата „Мој термин“ вечерва на Денови на комедија

04.10.2019 11:52 | KumanovoNews

Актуелната хит-претстава „Мој термин" во режија на Синиша Евтимов, а е работена по мотивите на Лорен Бафи и Висенте Виљануева, во изведба на Македонскиот народен театар Скопје, вечерва во 20 часот ќе биде прикажана во Центарот за култура "Трајко Прокопиев" во Куманово.

Хит претставата „Мој термин“ вечерва на Денови на комедија

Оваа драма зборува за (не)возможноста на човекот да опстане внатре во општеството, без да заврши со опсесивно-компулсивно нарушување. Отвора огромен број на суштински прашања, меѓу кои: дали и покрај стравовите можеме да љубиме?  Дали авторитетот денес се крие под маската на "обичен човек“ и на крајот на краиштата: дали човек откако на површина ќе ги извади сите свои зла ќе може потоа да живее со нив?

Во претставата играат актерите: Јордан Симонов, Тања Кочовска, Оливер Митковски, Николина Кујача, Александр Микиќ, Сашка Димитровска и Александар Михајловски.