×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Штрајкуваат и вработените во ФЗО Куманово, се примаат само документи за итните случаи

    05.02.2024 13:38 | Оливера Пешевска

    Подрачната единица на Фондот за здравствено осигурување од Куманово се приклучи кон штрајкот и дава целосна поддршка на синдикалната организација на УПОЗ при ФЗО. 

    Штрајкуваат и вработените во ФЗО Куманово, се примаат само документи за итните случаи

     Денеска е оддржан состанок на раководителите на подрачните едници со надлежните и се надеваат дека набргу ќе се најде решение и ќе биде постигнат договор со претставниците на Министерството за финансии и Владата.

    Сите вработени во локалната работна едница се во штрајк, но се примаат документите и барањата на осигурениците кои имаат итен случај.  

    „ Барањата за лекарски комисии, комисии за продолжување на боледување, запишување за прв пат на новороденчиња за да влезат во системот за здравствена заштита, документите за рефундирање на средства за лекови, барања за ортопедски помагала се примаат. Со ништо не сакаме, не смееме и не можеме да ги загрозиме животите и здравјето на осигурениците. Но, фактурите на јавните и приватните здравтсвени институции, ординации и аптеките не ги работиме до разрешување на ситуацијата“, велат од Фондот за здравствено осигурување.

    Највата за штрајк  од минатата недела поради можно намалување на платите на вработените. Од 9 јануари со препорака од Владата, се бара намалување од 21 процент, а Владата тоа го препорача како усогласување согласно донесениот буџет. Согласно,пак пресметките на стручните служби тоа значи дека платите на сите вработени треба да се намалат за 21 процент.

    Според синдикатот, со одлуката се засегнати 831 вработен во ФЗО, 52 вработени во подрачната единица во Куманово и ако има намалување на платите - 25 проценти ќе добиваат плата под минималната, а 25 проценти колку минималната плата.