И ветил дека ќе ја однесе во Германија за 1200 евра
        19.12.2014 13:37
                  |               KumanovoNews                                  
	         
      Тетовец и ветил на жена од Крива Паланка дека неа и нејзините деца ќе ги однесе во Германија за 1200 евра.
                  Триесет и четиригодишната жена го прифатила договорот и на С.М.(37) од Тетово му исплатила 210 евра, а остатокот кога ќе стигнат во Германија.
Кога требало да се тргне на пат, С.М. и кажал на жената дека илегално ќе ја поминат границата. Таа не се согласила, но измамникот не и ги вратил парите.
Против С.М. кумановската полиција поднесе кривична пријава за сторено кривично дело измама.


                  
                  
                  
                  
                  
                  



